понеделник, 17, декември 2007

Блогерите во името на добрината-Acts of Kindness: Bloggers Unite December 17th


17.12.2007. Денешниот ден блогерите од целиот свет го посветуваат на добрината. Блогерите од целиот свет се здружуваат да ја возвишат добринатаа. Да бидеме и ние, блогерите од нашата Македонија дел од ова светско движење. На денешен ден секој од вас, направете дело на добрина и постирајте. Постирајте и бидете дел од околу 15000 останати блогери од целиот цвет кои земаат учество во оваа кампања. Не е во тоа колкав голем акт на добрина сте презеле... сте направиле добрина, па сте се здружиле со блогерите од целиот свет да го поделите искуството. Во тоа е работата.

Тоа што го ценам кај лугето е добрината. Не водам грижа дали е богат, убав, паметен, но важно ми е да е добар, љубезен.
На 17. Декември Bloggers Unite го посветува денот на добр
ината. Секој блогер кој сака да се придружи на ова кампања, нека направи акт на добрина, па преку својот блог нека го сподели искуството со останатите. Прикажете ваша сторија преку зборови, слики или видео...
Ајде да направиме нешто добро за овој свет, ајде да направ
име нешто за тие што не се толку срекни како вас, да покажеме дека ни е грижа. Секој блогер нека направи нешто добро на овој ден, што можеби ќе ги поттикне останатите да ве копираат секојдневно.

0 comments: